КУД „ДРИМКОЛ“ од Вевчани ќе одржи годишен концерт на 4-ти мај

- Локални
993

Kултурно-уметничкото друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани го најавува својот годишен концерт под наслов „Долетало лично пиле“. Во склоп на концертот ќе биде промовирано првото ЦД на пејачката група „Каданка“ како и кореографиите Русалии и Раштак. На овој традиционален годишен концерт ќе се одржи и презентација на сценски адаптации од Источна Македонија и од Битлоско.

Концертот ќе се одржи на 4-ти мај во Домот на културата во Вевчани со почеток од 18:00 часот.

КУД „Дримкол“ од Вевчани минатата година на 7-ми мај прослави  70 години организиран фолклор во Вевчани, традицијата продолжува, а ова културно-уметничко друштво и понатаму останува бренд за фолклор не само во нашиот регион, туку и на ниво на Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари