Културната манифестација „Илинден“ организира прослава по повод 121 година „Илинден“

Културната манифестација „Илинден“ организира прослава по повод 121 година „Илинден“ на 2-ри Август, петок, со дочек на коњаницата од с. Ложани до Таш Маруништа во 10:00ч, кои ќе положат цвеќе на споменикот и Панихида.
Официјално манифестацијата се очекува да започне во 12:00 часот со говор на Петар Темелкоски, концерт на КУД Дримкол Вевчани и забава со групата „Седенка“.
Во рамки на програмата, предвидена е и кружна велосипедска тура со должина од 22 километри со тргнување во 20:00 часот од Таш Маруништа – Добовјани – Татеши – Богојци – Брчево, Попов камен, Цегров Дел – Таш Маруништа.
StrugaOnline

