Квартетот „Филхармонија“ вечерва на „Охридско лето“

- Локални
816

По отворењето на драмскиот дел од програмата со охридскиот театар и уникатниот концерт на кралскиот секстет „Д’Квин Сикс“, вечерва концерт на програмата на фестивалот „Охридско лето“.

Ќе настапи квартетот „Филхармонија“ од Македонија, кој го сочинуваат Ана Кондратенко (прва виолина), Бојан Илкоски (втора виолина), Бојан Талески (виола) и Марија Михајловска (виолончело). На програмата ќе има дела од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович.

Квартетот започнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеци подоцна веќе го одржува својот прв концерт. Оттогаш започнува активната дејност на овој квартет, кој во овој краток период на постоење веќе има соработувано со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“ со почеток во 21:00 часот.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари