Лабораторијата на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани опремена со нов имунолошки апарат
Од лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани информираат дека се опремени со нов имунолошки апарат од најнова генерација, кој значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат пациентите.

-Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести.
Професионалниот тим во лабораторијата е пример за висока стручност, одговорност и посветеност кон пациентите и здравствениот систем во целина, велат од ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
Додаваат дека воведувањето на овој апарат е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
StrugaOnline
