Од денеска, целосно е овозможен пристапот за лица во инвалидска количка во Спомен-домот „Браќа Миладиновци“, но и во галеријата Вангел Коџоман, Музејот во Струга, Центарот за култура Браќа Миладиновци и секаде каде што има потреба во установите од културата.
,,Министерството за култура одобри средства на Н.У.М „Струшки вечери на поезијата“ за набавка на електромоторен транспортер за пренос на лица во инвалидска количка. Со директорката на Центарот за култура, Николина Велкоска и директорот на Музејот во Струга, Јован Василески присуствувавме на обуката на дел од вработените за правилно и безбедно користење на електромоторниот транспортер.,,-информираат од СВП
Strugaonline
Facebook Коментари