Лице од Делогожда во алкохолизирана состојба се заканувало на вработени во маркет во Струга

На 02.04.2020 год.ина околу 15 часот, пред маркет лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, Ш.А.(59) од струшкото село Делогожда го нарушил јавниот ред и мир, кој во видно алкохолизирана состојба, упатувал заканителни и навредителни зборови кон вработените во маркетот. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
