Лице вработено во охридската болница составило лажна лекарска потврда – ќе одговара кривично

- Локални
917

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознато лице вработено во ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид, како и против 60-годишната С.С. од Демир Хисар за сторено казнено дело „поттикнување во вршење кривично дело“.

– До овој момент непознатото лице, иако знаело дека во периодот август-септември 2017 година, лицето С.С. немала лекарски третман во болница, свесно, на бланко хартија ставило службен печат на болницата и составил лажна исправа-лекарска потврда со целосно внесена лажна содржина за наводно лекување и одредена терапија на второпријавената во одделението за внатрешни болести. Потоа, лажната исправа ја заверило со службен факсимил од доктор-интернист и со службен печат од одделението за внатрешни болести. Дополнително, на име на второпријавената, изготвил и лажен документ каса-прими, во која внесол лажен износ од 81.000 денари за наводна наплатена услуга за лекување и повторно ја заверил со истиот печат од одделението за внатрешни болести. Ваквите фалсификувани исправи и ги предал на второпријавената за да ги употреби во осигурителна компанија во Перт, Австралија за рефундирање на трошоците за наводното лекување. Второпријавената, за време на престојот во Република Македонија, во договор со првопријавениот, со намера да оствари противправна имотна корист за себе, со умисла го поттикнала да направи лажни исправи-лекарска потврда и каса-прими документ и ги употребила во осигурителна компанија во Австралија како вистински, прикажувајки дека во текот на 2017 година и било дијагностицирано труење со храна, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари