ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР М-р ВЛАДО МУКОСКИ

- Локални
1510

 

На 12 август во Домот на културата во Вевчани,во рамките на ВЕВКУЛ 2017 беше отворена ликовна изложба на академскиот сликар М-р Владо Мукоски од Вевчани кој живее и работи во Скопје.

На изложбата, свое обраќање имаа: М-р Ангелина Спировска- академски сликар, и публицистот и писател  Мишо Китаноски.

Тие оценија дека во последователна фаза од своето сликарство Мукоски прави исчекор и неговиот сликовен ракопис е исполнет со такви елементи кои на сликите им даваат заокружена смисла и порака,неговите површини се исполнети со толку многу нијанси од бои.

Исто така значајно е да се истакне за сликите на Мукоски,дека неговите линии строго дефинирани што претставува вистинско откривање и значајен дострел во неговото кубистичко гледање на светот и оклу себе истакна Спировска, која ја прогласи изложбата за отворена.

Извор: Strugaonline/Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари