Љубов, вера и Македонија: Интервју со Донка Даскалоска, авторка на „Љубовта е кодот за бесконечноста“
Во време кога ретко се зборува отворено за внатрешните духовни процеси, идентитетот и личната вистина, авторката Донка Даскалоска се појавува со книга која не остава простор за рамнодушност. „Љубовта е кодот за бесконечноста“ е дело во кое се преплетуваат проза и поезија, лична исповед и колективна меморија, вера и национална самосвест. Родена во Струга, Донка преку пишаниот збор отвора теми за љубовта како суштинска животна сила, православната вера, македонскиот корен и храброста да се зборува јавно за она што многумина го чуваат длабоко во себе. Во продолжение, таа искрено и без задршка зборува за својот творечки пат, духовното самооткривање и пораката што сака да ја остави на читателите.
StrugaOnline: Здраво Донка, во име на нашиот портал, изразуваме чест за нашава прва соработка, преку промоција на твојата книга „Љубовта е кодот за бесконечноста“. Дали можеш да ни кажеш нешто повеќе за тебе (за оние кои не те познаваат лично) и за пораката изразена преку насловот на твојата книга?
-Донка Даскалоска: Прво, Ви благодарам на поканата. Честа е моја затоа што сум родена баш во Струга, во Стариот Енхалон кој бил на листата на најголемите културни градови во древна, античка Македонија, која продолжила да се шири од генерации на генеации и наш аманет е да е да не потклекнеме на туѓи штетни влијанија кои сакаат тоа да го оспорат и прекинат и тоа да трае вечно.
Веќе се представив во јавност како една обична жена, жив човек кој се води по Господовиот пат со цел да ја шири вистината и да се бори за правдата за Македонија.
Иако мојата струка не е книжевност, пронајдов среќа во пишувањето, на книги, поезија преточена во песни, мудри мисли, но и критики за системот во кој живееме.
Мислам дека системов не воведе на ниско ниво на свесност и разрод и затоа гледам да го одкодирам него и да го преформулам во нешто подобро преку пишување. Кај мене тоа доведе до позитивен ефект на живеење, а се надевам и на моите следачи.
StrugaOnline: Кажи ни нешто повеќе за твојата љубов кон верата и подетално објаснини зошто најмногу се наслони на Православието како најдобрата религија според тебе?
-Донка Даскалоска: Љубовта кон верата е многу силна емоција, чиста како света вода која ги лекува дури и најтешките болести. Јас веќе на мојата facebook страна го изјавив моето мислење дека Библијата е дел од Македонската историја. Некои работи не се објавени и се скриени од јавност, но кога со љубов и почит ќе ја читаш, можеш преку твојата душа и тело да ја сватиш суштината и порака пратена преку неа. Според мојата логика, бидејќи знаеме дека во Македонските обичаи и традиции името на детето се дава во чест на баба и/или дедо (или ако имаат прадедо и прабаба го одбираат нивното име) и споредиме со имињата пренесени во Библијата, ќе заклучиме дека истите имиња од Библијата се најмногу застапени во Македонија и дел во роднинските држави Македонски благодарајќи на нас Македонците кое го чувале тоа од колено на колено. Во книгата ќе прочитате дека ги почитувам и другите вери, како што и нашите антички, древни предци кога ги освојувале и обединувале племињата во нашето царство ги почитувале другите и така се формирала првата држава во светот – Македонската држава, а првиот универзален јазик бил баш Македонскиот КОИНЕ за да можат сите да се разбираат на еден заеднички јазик.
Најмногу се наслонувам на учењата од Новиот завет и делот за животот на Исус Христос кој скоро целиот свет го почитува сеуште поради чистиот пример за човечност преку љубов, почит и разбирање.
StrugaOnline: Забележав дека во твојата книга е особено изразена љубовта кон нацијата Македонска. Што ќе му препорачаш на Македонскиот народ?
-Донка Даскалоска: Точно, со гордост се представувам како националистка, затоа што не е грев и негативност да си ја сакаш Македонската нација која е составена од свет род, а нациите во кои што Македонското семе се ширело се наши роднини и време е да го сватат тоа дека е благослов и привилегија, а не проклетство. За мене е грев да правиш дела против својата нација и ген, а уште полошо е да си газиш на коренот поради кој постоиш. Жал ми е за нациите што не знаат од каде потекнуваат, која е нивната вредност, но се молам на Бога да си го најдат патот и да се соземат. Живееме во време кога баш Македонија пати од изроди и мигранти од други нации кои наместо да не почитуваат поради тоа што сме им дале дом во ова света земја одбрана од Бога тие не газат и пробуваат да не уништат, некои и присвојат, но мора да се свесни дека со тоа нивната карма и Божја казна ќе биде негативна и неизбежна. Мора да се свати и прифати дека во државната хиерахгија власта припаѓа на староседелците -Македонците.
Пораката до Македонската нација е следна: Бидете горди што го имаме најсилниот ген Македонски, бидете горди на Вашите предци и земјата што извира со свети ресурси и со љубов живеете и работете во неа. Да им докажаме на сите зошто неслучајно сите се плашат од нас (поради тоа сакаат да не присвојат или уништат) и зошто сме биле и ќе останеме најмоќни.
StrugaOnline: Од каде се јави твојата храброст за јавна исповед на твојата душа, знаејќи дека многу немаат храброст дури и за интимна исповед кај Духовен отец?
-Донка Даскалоска: Живееме во време кога храброста е заспиена во луѓето, особено за овие работи. Со самото исповедување ние се самолечиме, затоа што го исфрламе од подсвеста тоа што не ни треба и ни смета на нашето здравје. Секогаш треба да ги чуваме во нашата свест нашите добри дела и да се потсетуваме на нив. За тоа секогаш Бог ни дава добри награди. Моето мислење е и дека ако има некој Духовен отец за исповед треба да запази дали тој има чиста душа и чисти намери и преку неговата чиста позитивна и лековита енергија ќе придонесе за подобар живот преку добри поуки. Во Македонската антика прво свештеници биле жени, а потоа под римското владеење постојат само мажи. Јас мислам дека треба да е комбинација од двете, битно е душата и намерата да бидат позитивни. Јас не се страмам од себеси, која сум, што сум и каква сум, затоа тоа и го напишав во книгата за сите читатели. Во сегашност и иднина гледам да се надградувам со учења и со дела да си го усовршам мојот карактер и енергија на уште повисоко ниво.
StrugaOnline: Зошто се одлучи твојата книга да биде специфична комбинација од проза и поезија, а не како две посебни книги?
-Донка Даскалоска: Сакав моето дело да биде оригинално и на креативно на мој специфичен начин. Јас сум човек што најмногу ја цени оригиналноста кај луѓето, а не тие што копираат.
StrugaOnline: Кажи ни за резултатите од твојот процес на самооткривање, бидејќи е нов поим кој го нема во нашиот Македонски речник.
-Донка Даскалоска: Да, поимот го измислив јас. Живееме во делот Библиски откровение од Јован и мислам треба подобро ќе функционираме ако направиме самооткровение и си ја спознаеме сопствената вистина. Јас навлегов во откривање на моите инкарнации на душата, за да можам подобро да си ги средам кармичките лекции во овој живот и да се поправам.
Ефектите секако дека беа позитивни иако не беше лесен почетокот, патот се олеснува благодарение на Бога и на луѓето што ми ги праќа да ми помогнат.
StrugaOnline: Ако би издвоила некоја омилена поезија, која би била таа?
-Донка Даскалоска: Без воопшто да размислувам, одговорот е за моето семејство. Семејството, фамилијата и домот за мене е најсветиот дел од животот. Тука најмногу треба љубов, почит и разбирање како и најголема заштита.
StrugaOnline: Ви благодариме за Вашето издвоено време за нашето интервју. Кажи ни нешто по твој избор за крај.
-Донка Даскалоска: Ви благодарам за Вашето издвоено време и почит. За крај, Ви посакувам да имате секогаш бесконечна и безусловна љубов во себе, кон другите и од другите спрема Вас, зошто со љубов почнува и завршува сé, а кога има љубов има и здравје и сé преостанато.
Јас ќе продолжам со пишуваме на книги поради задоволноста на читателите и мотивацијата. И за крај морам да го истакнам коментарот на мој драг пријател за книгата дека е прекрасна и дека треба од баш вакви книги да учат децата во образованието затоа што е со добра порака и поттик. Ќе се извинам во име на уредникот и печатницата за пропуштените грешки.
StrugaOnline

