Локализиран и под контрола е пожарот на планината Јабланица

- Локални
811

Oткако пред еден час беше локализиран пожарот на планината Јабланица што вчера избувна меѓу селата Октиси и Вишни, од ТППЕ Струга за Strugaonline потврдија дека  истиот за кратко време беше повторно активен поради силниот ветер. Состојбата се менува од минута во минута, па од ТППЕ Струга сега нформираа дека истиот повторно е ставен под контрола. Моментално, на терен има екипи од ТППЕ Струга и од Шумското претпријатие кои и покрај непристапниот терен прават големи напори за негово целосно ликвидирање.

Strugaonline

 

Facebook Коментари