Македонските поети Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Мишо Китаноски, Тоде Илијески и Костадинка Коца Ѓорѓевска, од 23 до 27. 10. 2017. ќе бидат дел од поетскиот карван на четириесетина поети и писатели од Србија, Франција, Германија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Македонија и др земји од Европа.
Под мотото „Враќање кон корените“, учесниците на карванот ќе престојуваат во Ниш, Лисине, Деспотовац и Белград.
За време на карванот, македонските поети ќе настапат на повеќе места на поетските читања, со избор на песни и трудови од своето творештво.
На 26. 10. во 17,00 часот, во Друштвото на писатели на Србија, во Белград, претседателите, на Клубот на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија Љубиша Симиќ и претседателот на Културниот центар „Бран“ од Струга Петко Шипинкаровски, ќе потпишат Меморандум за соработка и разбирање, што е резултат на веќе воспоставеното пријателство и плодна соработката.
На Саемот на книгата во Белград, на 27. 10, македонските поети Шипинкаровски, Петрески, Китаноски, Илијески и Ѓорѓевска ќе бидат претставени и ќе бидат промовирани нивни книжевни дела, а ќе биде направена промоција и на книжевното списание „Бранувања“ што го издава „Бран“ од Струга.. На поетскиот карван „Враќање кон корените“ македонските поети ќе престојуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија.
Strugaonline
Facebook Коментари