МАКЕДОНСКИ ПОЕТИ УЧЕСТВУВАА НА ПОЕТСКИ СРЕДБИ ВО СРБИЈА И НА САЕМОТ НА КНИГАТА ВО БЕЛГРАД

- Локални
1155

 

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Христо Петрески и Костадинка Коца Ѓорѓевска, од 23 до 27. 10. 2017, учествуваа на поетскиот карван „Враќање кон корените“ што се одржа во Ниш, Лисине, Деспотовац и на Саемот на книгата во Белград,  на кој карван учествуваа четириесетина поети и писатели од Србија, Франција,  Германија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Македонија и др земји од Европа.

Со избор од своето творештво Шипинкаровски, Петрески и Ѓорѓеска се претставија во Регионалниот центаер во Ниш, во кафе-ресторантот „Лисински рај“ во Лисине, во Градската библиотека во Деспотовац, и во куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград. Во хала 4 на Саемот на книгата во Белград им беа претставени најнови книги од своето творештво „Утринска молитва“, роман на Шипинкаровски, поетската книга „Соло двојно“ на Петрески, и поетска книга објавена на романски на Ѓорѓевска. На саемот на книгата во Белград беше преставено и списанието „Бранувања“.

Во куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград беше потпишан и меморандум за соработка и разбирање помеѓу Културниот центар Бран од Струга и Друштвото на писателите Седумка“ од Франкфурт на мајна а го потпишаа претседателите на двете асоцијации Петко Шипинкаровски и Љубиша Симиќ. Притоа, Култирниот центар Бран од Струга и Друштвото на писатеите Седумка“ од Франкфурт на мајна се договорија да биде објавена двојазична книга на 26 македонски и српски писатели.

Престојот и учeството на карванот на македонските писатели Шипинкаровски, Петрески и Ѓорѓевска во Србија беше на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт на Мајна.

Strugaonline

Facebook Коментари