Македонскиот Народен Театар со претставата „Торонто експрес“ наредна среда ќе гостува во Струга

- Локални
177
На 18-ти јуни (среда), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе гостува Македонскиот Народен Театар со претставата „Торонто експрес“.
„Торонто експрес“ е агенција за помош при емиграција во Канада. Целта на работењето е да се врбуваат сите Македонци со што колективно би се иселиле во ветената земја.
Агенцијата е раководена од генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски признат експерт во убедување како да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет.
„Торонто експрес“ е работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф, а режијата е на Јордан Симонов.

Претставата ќе се игра во петок, 18.06.2025 година во Летна сцена при НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 250 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари