Македонскиот поет Влада Урошевиќ е годинешниот добитник на наградата „Златен венец“ на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“. Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува фестивалот, заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска збирка помеѓу два фестивали.
Добитниците на наградите беа прогласени на денешниот настан организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ што се одржа во просториите на библиотеката, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата и јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Настанот се одржа во истиот период со свеченото прогласување на лауреатите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
фото: архива
Facebook Коментари