После големиот успех со преставата „Чекајќи го министерот“ , мега популарната актерка Лидија Вукичевиќ повторно гостува во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“. Претставата ќе се игра во Центарот за култура ,,Григор Прличев“ на 31-ви март со почеток во 20:00 часот.
Автор на претставата е Огнен Неделковски, а режисер е Сашо Ристовски.
ИГРААТ: Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски .
Во претставата се зборува на македонски и српски јазик.
,,Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и уште многу други тв и театарски улоги.Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка ” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата.“-стои во описот на претставата.
Билетите се по цена од 200 денари.
Strugaonline
Facebook Коментари