Maнифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ годинава ќе го прослави 35. јубилеј, изданието ќе биде посветено на поетесите
Манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ во август годинава ќе го прослави својот 35. јубилеј, а ова јубилејно издание ќе биде посветено на поетесите.

-За таа цел, подготвуваме и една поопширна панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес, насловена како „Самодиви“. Приредувачи се Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, а сликата и дизајнот на корицата е дело на Никола Пијанманов, информираат организаторите.
Изданието ќе биде промовирано на отворањето на годинешната 35. „Поетска ноќ во Велестово“, на 18-ти август 2023 година.

