Манифестацијата ,,Вечер на Живко Чинго“ вечерва во Велгошти

- Локални
277

Вечерва во Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Програмата ќе започне во 20:00 часот со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, потоа ќе следува обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, како и кратко обраќање на годинешниот добитник на наградата, авторката Дијана Петрова.

Беседа за Чинго ќе одржи Бранко Цветкоски, поет, литературен критичар, преведувач и новинар, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на квартетот „Струни“ и КУД „Филиграни“.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари