Марихуана и стебла од Канабис сатива пронајдени кај три лица во Долно Лакочереј

- Локални
492

На 2 ноември 2020 година, во селото Долно Лакочереј, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ги лишија од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј.

-При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението Канабис сатива. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари