Марко Пејчиноски на 28-ми август ќе плива за РЕТКИТЕ!

- Локални
788

Одбројувањето до 28-ми август започна! Ова е важен датум затоа што Марко Пејчиноски ќе плива во чест на лицата со ретки болести.

„Марко Пејчиновски е дете кое има повеќе мотивација и упорност од сите нас заедно!  На 28-ми август Марко ќе плива – за РЕТКИТЕ. Маркирајте ги календарите – 28.08.2019 година“ – велат организаторите.
Марко Пејчиноски стана мал но голем херој  на крајот на август минатата година кога изведе вистински подвиг препливувајќи го  Охридското Езеро, од Свети Наум до Градското пристаниште.

На само 12 години , Марко докажа дека желбата, упорноста и посветеноста ги надминуваат сите пречки. Неговата дијагноза (некроза на ногата) не го спречи во неговата цел.

Strugaonline

 

Facebook Коментари