„Мастербет ДООЕЛ” донираше спортски реквизити и едукативни помагала во шест училишта од Струга и струшко

- Локални
825
Водејќи се од своите заложби за општествена одговорност, „Мастербет ДООЕЛ” Скопје, со своја донација даде придонес за подобрување на условите за спроведување на наставните програми во основните училишта во Општина Струга.
Донацијата, која што се состои од спортски реквизити, едукативни помагала и наставни средства, претставници на „Мастербет“ им ја предадоа на претставници на локалната самоуправа. Донираната опрема е наменета за основните училишта „Орхан Џемаили“, „Гоце Делчев“, „Зини Хани“,„Св. Климент Охридски“, „Ашим Агуши“ и „Јосип Броз Тито“ во Струга.
-Овој  настан е почеток на поголема донаторска акција која што „Мастербет“ ќе ја спроведува во неколку фази во текот на оваа година, при што спортска опрема и наставни помагала ќе бидат донирани на средни, основни училишта и градинки во општина Струга.-информираат донаторите.
Strugaonline

Facebook Коментари