Мастерклас со Никола Ристановски на Drim Short 2025 во Струга
Еден од највпечатливите едукативни сегменти на фестивалот годинава е мастеркласот со Никола Ристановски – култниот глас на македонската театарска и филмска сцена.
⠀На фестивалот, Ристановски ќе сподели искуства од својата богата актерска кариера, ќе зборува за уметноста на интерпретација, соработката со режисери, театарот и филмот.
⠀
Мастеркласот е наменет за млади актери, режисери и љубители на филмот, уникатна шанса да се добие редок увид во процесот на работа на еден од највлијателните актери во регионот.
⠀
Мастеркласот ќе се одржи на 08.08.2025 во Europe House Струга со почеток во 18:00 часот.
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов линк: https://forms.gle/geAA9XgpHWCrACZx9
StrugaOnline

