Во среда, 22 мај, во 12:00 часот, пред зградата на Општина Струга, матурантите од Гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ ќе го одиграат танцот Квадрил од Штраусовата опера „Лилјакот”. За подготовките на матурантите и оваа година се задолжени професорите Блертон Равени и Ангела Иваноска.
„Подготовките се речиси завршени, можам да кажам дека матурантите се веќе обучени. И годинава, истко како и лани има 100 матуранти. Пробите поминуваа во прекрасна атмосфера. Среќен сум што работам со нив и сум тука да ги потготвувам за овој танц со кој што освен што се означува крајот на нивното средно образование, се праќа и порака против насилството“-изјави за Strugaonline професорот Равени.
Тој додаде дека после квадрилот, матурантите ќе играат и на песната Jerusalema за забавен крај на парадата.
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана. Танцот Квадрил матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.
Strugaonline
Facebook Коментари