Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ утре во црквата Света Софија

- Локални
272
Хорови од Србија, Македонија, Албанија и Словенија ќе настапат на шестиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ што утревечер ќе се одржи  во катедрачната црква Света Софија.
 Од охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos, кои се домаќини и организатори на фестивалот, информираат дека и годинава има најразчични хорови кои ќе ги исполнат вашите срца со прекрасни мелодии и хармонии.
-Ќе имате можност да уживате во различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, и да бидете дел од магијата што ја носи хорската уметност. Придружете ни се на оваа музичка авантура и доживејте незаборавни моменти во еден од најубавите градови на Балканот. Вашето присуство ќе го направи фестивалот уште поспецијален-потенцираат организаторите.
Почетокот е закажан за 20:00 часот, влезот е слободен.
Strugaonline

Facebook Коментари