Денеска во Струга и Охрид започнува Конференцијата за управување со цврст отпад. Учество ќе земат претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании.
Една од темите на конференцијата е унапредување на управувањето со отпадот во Македонија, можностите за имплементација на светските искуства во регионот и успешно реализираните мали грантови.
Свеченото отворање на конференцијата е вечерва во Св. Софија во Охрид, додека работниот дел ќе се одвива утре во хотелот „Изгрев“ во Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари