Лев банер Десен банер

Менди Ќура денес оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски

Менди Ќура денеска оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, на која се дискутираа теми од заеднички интерес и можностите за продлабочување на меѓуопштинската соработка со цел одржлив развој на регионот.
На средбата беше потенцирана потребата за заедничко решение во однос на прифатилиштето за скитници кучиња, како и координација на активностите за управување и долгорочно решавање на проблемот со регионалната депонија.

Градоначалниците изразија подготвеност да преземат конкретни чекори за формирање на заеднички механизми за работа со цел навремено адресирање на овие прашања од значење за заедницата. Преку институционална соработка, заедничката цел останува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и одржлив развој на регионот.

StrugaOnline

error: