Лев банер Десен банер

Менди Ќура ја објави кандидатурата за независен градоначалник на Струга

Преку видео порака, струшкиот биснисмен Менди Ќура денеска официјално ја објави својата кандидатура за независен градоначалник на Општина Струга.

– Ова е чекор за кој добивав барања секојдневно. Повици пристигнуваа од бизнис заедницата, која бара појасна насока за градот и од младите кои сакаат да останат во родниот град. Поттик добив и од бројни граѓани кои побараа од мене да се кандидирам и со одговорност и посветеност да управувам со нашиот град. Како стружанец, им одговарам на повиците и ја преземам обврската со целосна убеденост. Ние сме граѓани на овој благословен град, а секој мој личен успех им го посветувам на граѓаните на Струга. Ова е еден од најголемите предзивици шпто сум ги прифатил во животот. Сите показатели покажуваат дека промената е повеќе од неопходна и важна за Струга. На Струга и треба чесна работа, мудро раководство и храброст да го промениме она што не функционира, истакна Ќура.

Додаде дека неговата кандидатура не е трка за власт, не е борба против никого, туку е повик на обединување на сите кои ги споделуваат неговите визии за Струга. Најави транспарентност и правда за сите, одржлив развој и инвестиции во сите области, чесно претставување и отворен дијалог со секој граѓанин.

StrugaOnline

error: