Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Охрид – пријавувањето е во тек
Сите лица постари од 16 години кои сакаат да го дознаат својот коефициент на интелигенција (IQ) и да добијат можност за членство во Менса, ќе имаат можност да се тестираат на 13 јуни 2026 година (сабота) во Охрид.
Менса Македонија организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи со почеток во 13 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Право на учество имаат сите кандидати кои до денот на тестирањето имаат наполнето најмалку 16 години. За пријавување потребно е да се изврши уплата од 600 денари на сметката на Менса Македонија и да се пополни електронскиот формулар за регистрација, при што задолжително треба да се прикачи доказ за извршената уплата. Крајниот рок за пријавување е 10 јуни 2026 година.
Во согласност со иницијативата на Менса за поддршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти добиваат 50 проценти попуст, односно за нив цената на тестирањето изнесува 300 денари.
Тестирањето се спроведува со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International®, а резултатите се доверливи и ќе бидат познати само на кандидатите.
Лицата кои ќе постигнат резултат што ги сместува во горните два проценти од светската популација стекнуваат право да станат членови на Менса Македонија и со тоа дел од светската мрежа на Mensa International®.
Од Менса Македонија ги повикуваат сите заинтересирани да ја искористат можноста да ги тестираат своите интелектуални способности и да се приклучат на заедницата на лица со високи интелектуални потенцијали.
StrugaOnline

