Мерко и Шаќири вршат надзор на градежните работи за новата водоводна мрежа во Франгово

- Локални
851

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин  Рамис Мерко и Јетон Шаќири, директор на ЈП „Проаква” вршеа надзор на градежната работа за новата водоводна мрежа во село Франгово.

Од страна на локалната самоуправа се задолжија дека ќе се реализираат сите барања на локалитетот Франгово и воедно се дискутираше и за можните проблематики кои би можеле да се појават при финализација на овој голем проект.

Општина Струга побара максимална поддршка од жителите на селото Франгово, за да проекот се заврши во предвидениот рок. Меѓудруго, се дискутираше и за идни проекти кои би биле од корист на  жителите село Франгово.

Извор и фото: Општина Струга

Facebook Коментари