Мерко на средба со претставници на австриската компанија „EC4P Gmbh“, се размислува за поставување ветерни турбини на електрични столбови во Струга

- Локални
780
Градоначалникот г-дин Рамис Мерко, оствари средба со претставниците на австриската компанија „EC4P Gmbh“ која се занимава со производство на ветерни турбини, со цел создавање електрична енергија од обновливи извори на енергија.
,,На оваа средба се разговараше за можноста за инвестирање во ваков тип на обновливи извори, особено за јавното осветлување од двете страни на Дрим и покрај езерото, и не само таму, со што значително би се намалиле тековните трошоци за електрична енергија од дистрибутивната мрежа.
Станува збор за поставување турбини на електрични столбови, кои би го користеле ветерот за производство на електрична енергија, која потоа би можела да се користи на неколку начини (вградување во мрежата, полнење на електрични возила и слично).“-стои во соопштението од Општина Струга.
Од Општината додаваат дека ваквото производство на електрична енергија не ја загадува животната средина, бидејќи има многу мали траги од CO2, уредот е направен од материјали што може да се рециклираат, со дваесетгодишна гаранција, со ISO стандарди.

Facebook Коментари