Градоначалникот Рамис Мерко денеска на терен гo следеше асфалтирањето на улиците ,,27 Март“,,,Браќа Миладиновци“ и,,Нико Нестор“ во стариот дел на градот.
,, На овие улици се врши поплочување со камен за да се задржи автентичноста на истите. Стариот дел на градот ќе стане атракција и за стружани но и за сите други кои доаѓаат во посета на градот. Овој проект Општина Струга го спроведува во соработка со Центарот на Југозападен регион со вложување 50-50,, -изјави градоначалникот Мерко.
Тој додаде дека Општина Струга зела дополнителна обврска за замена на азбестните цевки во водоводот со нов приклучок за секоја куќа во оваа населба, што општината ќе ја чини четири милиони денари.
Во договор со ЕВН и кабелските компании планирано е и сите надземни кабли да се постават подземно.
Strugaonline
Facebook Коментари