Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, истовремено претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, учествуваше на свеченото пуштање во употреба на современиот Центар за физикална терапија во болницата Свети Еразмо – Охрид.

Овој проект беше реализиран со средства обезбедени преку грантови за инвестициски проекти, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Градоначалникот

Мерко истакна дека овој проект има регионално, национално и меѓународно значење, со оглед на фактот што пациентите за овој посебен тип на хидро-терапија доаѓаат од целиот Југозападен регион, нашата држава но и од соседните држави.

Гости беа и министерот за здравство, Г-дин Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Г-дин Горан Милевски, Н.Е Сибил Сутер Тејада амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, како и градоначалниците на Охрид и Дебарца, кои ја поздравија реализацијата на овој многу важен проект и ветија понатамошна институционална соработка во служба на граѓаните.
Извор: Општина Струга
Facebook Коментари