Мерко за Тв Телма: Жителите на Лабуништа се многу свесни и ги почитуваат мерките

- Локални
2075

Во видео обраќање во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на Tв Телма, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, истакна дека мерките за заштита од коронавирусот кои ги има преземено  локалната самоуправа и сите мерки од Владата се имплементирани и се прифатливи за граѓаните на општина Струга.

За состојбата во Лабуништа Мерко рече дека жителите на ова село се многу свесни и сите кои дојдоа од странство ја прифатија самоизолацијата. Секој почна да ги прифаќа мерките, за да го намалиме ширењето на коронавирусот

Во врска со тоа дали Струга треба да ги затвори вратите за посетителите за Велигденските празници и дали смета дека треба да дојдат тие во Струга, во Охрид и во другите градови, истакна дека тоа е регулирано со одлуките на Владата и Кризниот штаб.

– Од петок до вторник ќе има полициски час. Кои луѓе ќе дојдат и кои луѓе ќе си одат. Значи нема ниту доаѓање ниту одење. Секој ќе си биде во своето место и треба достоинствено и понатаму да ги применуваме мерките кои доаѓаат од Кризниот штаб, додаде Мерко.

Извор: Тв Телма

Facebook Коментари