Месна заедница Вишни: Кој ги сече Вишенските шуми?

- Локални
508

Meсна заедница Вишни повикува да се разбуди свеста за како што велат во соопштението, голосекот и нелегалната сеча на Јабланичките шуми.

,,Месна Заедница с. Вишни, о.Струга, е мала заедница и е немоќна сама да се справи ниту одбрани од големите предизвици со кои се соочува.
Како едно ретко сочувано село, со афтентична архитектура, некогаш локален зимски центар, Вишни и околината заслужуваат грижа и можности за квалитетен живот и еколошка оддржливост.  Наспроти тоа, со години се соочуваат со кражба на шумите во нивниот атар, и како што можете да видите на приложените фотографии, целосно соголување на шумските површини (голосек).  Покрај овој проблем кој има и голем штетен ефект кон природната рамнотежа во околината, тука се и проблемите со инфраструктурата, (патишта, одлагање на отпад, реконструкција на планинскиот дом) која никако да стане приоритет, иако за целиот регион околу Вишни, се изработени иницијативи и елаборати, за прогласување на парк на природата, а самата Јабланица, Национален парк. ,, -стои во реакцијата од Месна заедница Вишни.

Facebook Коментари