Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните

- Локални, Македонија
281
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска оствари теренска посета на Општина Охрид каде изврши увид во градба на постоечки и го одбележа почетокот на градба на повеќе проекти.
Заедно со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков тој присуствуваше на поставувањето на камен темелник на спортска сала во село Лескоец,.
-Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година.-изјави Мицковски.
Тој додаде дека општината подготвила проекти за следната година така што, како што рече, тоа што со децении не било работено во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега.

-Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.-потенцираше Мицковски.

Тој додаде дека целиот владин тим е подготвен и мотивиран да решава проблеми и да работи на нови проекти и изрази благодарност до  градоначалникот Пецаков и општинската администрација за посветената работа.

Strugaonline

Facebook Коментари