Мила Миса и Дарија Мартиновска се добитнички на литературниот конкурс организиран од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга
ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга ги објави резултатите од литературниот конкурс организиран по повод 8 Ноември -Денот на ослободувањето на градот Струга на тема „Мој граду, ти благодарам за ….”

Учениците покажаа голема креативност, чувствителност и љубов кон пишаниот збор.
Добитници на награди се Мила Миса од VII одд. и Дарија Мартиновска од VII одд.
-Им честитаме на сите учесници за нивниот труд, инспирација и љубов кон литературата.
Вашите зборови се доказ дека иднината на книжевноста е во сигурни раце. Продолжете да пишувате, сонувајте и создавајте, велат од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
StrugaOnline

