Mини-саем на книги во петок во Струга

- Локални
785

Во рамките на одбележувањето на два значајни јубилеи – шеесет години Дом на култура „Браќа Миладиновци’ и седумдесет и пет години Библиотека Струга во паркот на поезијата ќе се одржи мини-саем на книги .

Саемот ќе се одржи во петок, 27-ми септември со почеток во 11:00 часот.

„Ако сте љубители на љубовно-психолошки романи, „Превртена љубов“ и „Синиот час“ ве чекаат токму вас со личен потпис и посвета од нивната авторка Дора Попова Узуновски.“-велат од Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари