Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во посета на Струга
Денеска Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја посети канцеларијата во Струга, која сега е дел од Министерството за култура и туризам, по преземањето на надлежностите на АППТ.
Таму се запозна со тимот што работи на субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет, една од најважните алатки за привлекување повеќе туристи во земјава.-Одделението има значајна улога во поттикнување на развојот на туризмот преку поддршка на странските туристички агенции и тур-оператори, со цел зголемување на бројот на странски туристи и промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Верувам дека интеграцијата на поранешната Агенција за туризам во Министерството ќе овозможи поефикасно управување со туристичките политики и подобра координација со сите чинители во секторот, истакна Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
StrugaOnline

