
Со организирање на отворени денови на средните стручни училишта денеска продолжи реализацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ и во Струга, втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, чија цел е унапредување на квалитетот на средното стручно образование преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители и промоција на придобивките од овој тип на образование пред идните средношколци.
– Ги презентираме предностите и придобивките од средното стручно образование пред младите во Струга. Полуматурантите ги информираме за сите новини кои од учебната 2022-2023 година ќе ги понудат средните стручни училишта, а кои се резултат на дијалогот што МОН го спроведува со општините, училиштата и бизнис заедницата. Ги информираме каде има нови наставни програми, нови дуални паралелки, кои компании се вклучуваат во практичната подготовка на учениците, но и ја подигнуваме свеста дека овој тип на образование нуди поголеми можности за нивен личен успех.-информираше Министерот за образование Јетон Шаќири.

Тој додаде дека до крајот на овој месец ќе се заокружи планот за реализација на 16 промотивни настани и секаде, како што рече, во секој град ќе ја испратиме истата порака – младите да се фокусираат на средно стручно образование, затоа што токму во таа област е иднината.

-Општеството се соочува со дефицит на стручен кадар, има многу слободни места за кои се бараат стручни квалификации. Така што, стручното образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, за побрзо финансиско осамостојување на младите и економска стабилност. Воедно, обезбедува и добра основа за секој кој сака академски да се надградува-потенцираше Шаќири.
Strugaonline
Facebook Коментари