Министерството за транспорт и врски ќе реализира осум проекти за изградба на водоводи и канализации во општините-во нив е и општина Струга

- Локални
998

Mинистерството за транспорт и врски  започна со реализација на проектот за подобрување на водоводната и канализациона мрежа во општините во Република Македонија. Во групата општини спаѓа и општина Струга. За нашиот региог предвидена е изградба на секундарна мрежа за фекална канализација за н.м Короишта, Ливада и Ложани, општина Струга со проценета вредност од 33 040 000 денари.

Од Министерството информираат дека средствата за реализација на сите овие проекти се веќе обезбедени.

Исто така, од таму потенцираат дека цел на Владата на Република Македонија е во наредниот период од 18 % покриеност на територија на Република Македoнија со комунална инфраструктура, да се зголеми на 40 % што е во функција на обезбедување на рамномерен регионален развој и баланс меѓу урбаните центри и руралните средини.

 

Извор: Министерство за транспорт и врски

Strugaonline

Facebook Коментари