Министерството за животна средина го објави Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион

- Локални, Македонија
620

Министерството за животна средина и просторно планирање го објави Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион, со кој се дефинираат и прецизираат  заложбите за строга контрола на урбанизацијата на регионот и негова заштита.

Планот е изготвен согласно препораките на УНЕСКО и ќе ги уредува насоките за идно спроведување на  какви било градежни активности во просторот околу езерото.

Целосниот план е достапен за граѓаните ОВДЕ

Од Владата на Република Северна Македонија пред три дена информираа дека планот  наскоро ќе биде отворен за јавна дебата, а ќе биде испратен на увид и до УНЕСКО.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари