МЈП Проаква повикува граѓаните да пријавуваат злоупотреби

- Локални
1728

МЈП Проаква Струга јавно ги повикува сите граѓани да ја пријават секоја евидентирана злоупотреба во град Струга во врска со долунаведените ингеренции и активности на претпријатието:
Да се пријават случаите каде на физичко или правно лице редовно не му се доставуваат сметките за наплата;  Да се пријави секој случај каде некој од вработените на претпријатијето му бара на физичко или правно лице да му се плати за услугата која е обврска на претпријатијето; Да се пријавуви секој случај каде е забележана злоупотреба на водата и тоа: го наводенува паркот, го мие дворот, безправено е приклучен во водоводната мрежа, ја оштетува инфраструктурата на водовод и канализација, итн.
Да се пријавуви секаков дефект што е евидентира на јавни места со цел што побрза интервенција од страна на екипите од претпријатијето за да се овозможи редовно снабдување со вода за сите граѓани и правни лица.

Пријавите се доставуваат на број +38978438043 Viber ,Whats app и email [email protected]

Strugaonline

Facebook Коментари