МЈП Проаква: Водата да се користи рационално, изворите се со низок капацитет

- Локални
969

МЈП Проаква во овие невообичаено топли денови апелира до корисниците да ја користат водата најрационално и да не ги полеваат нивните бавчи со водата за пиење бидејќи поради топлото време изворите што го снабдуваат градот Струга и околината се со многу низок капацитет и на овој начин секоја злоупотребена капка може да предизвика големи последици кај сите корисници на водата од Проаква.

„Се надеваме дека сите корисници ќе го сфатат овој повик сериозно и ќе се воздржат од злоупотребата на водата за пиење.
Воедно на дојдените печалбари им посакуваме пријатен престој во нивниот роден крај и од нив бараме да ги плаќаат редовно примените фактури од МЈП Проаква Струга поради краткиот временски интервал што тие можат да се затекнат во нивните домови и ги молиме за секоја грижа што ја имаат или промена на некоја околност да се обратат до нашите административни канцеларии за ништо да не остане нејасно и нерешено.“- апелираат од МЈП Проаква.
Од таму додаваат дека тимот на претпријатието го прави невозможното за во овој сушен период да го снабдат  со вода секое домаќинство и секој бизнис во Општина Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари