Лев банер Десен банер

Млади спортисти од Тирана во посета на Општина Струга

Група млади спортисти од Тирана, за време на нивниот престој во Струга, ја посетија Општина Струга, каде беа пречекани од градоначалникот Менди Ќура.

Во рамки на посетата, младите имаа можност поблиску да се запознаат со функционирањето на институцијата, како и со нејзината улога во локалниот развој и поддршката на младите и спортот.

Средбата помина во пријателска и отворена атмосфера, при што градоначалникот ја нагласи важноста на спортот како клучен фактор за правилен развој на младите, но и како значаен сегмент за заедницата во Струга. Тој ја пофали нивната посветеност, енергија и спортски дух.

Посетата беше заокружена со заедничка фотографија, која симболично ја одбележа соработката, дружењето и пријателството меѓу младите спортисти од двете средини.

StrugaOnline

error: