Со донесување на локална стратегија за меѓуетничка интеграција и граѓанско учество на младите, Општина Струга обезбеди долгорочна поддршка и ги отвори вратите кон ученичките иницијативи.

Учениците од основните училишта „Зини Хани“ и „Климент Охридски“ и средното училиште Др Ибрахим Темо -Струга организираа младинска акција. Преку онлајн работилници
ги идентификуваа предизвиците во нивната локална заедница и можните решенија и преку процес на застапување ја добија поддршката на општината за спроведување на младинска акција за подобрување на условите во заедницата.
Учествувајќи во овој проект, учениците освен што ги презентираа своите идеи, научија да комуницираат со институции и испратија конкретни барања до нив.
Во рамките на акцијатата беше разубавен паркот, беа поставени нови клупи, а учесниците во оваа младинска акција испратија порака дека сакаат чиста, зелена и убава Струга.
Акцијата е поддржана од Општина Струга и МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum.
Strugaonline
Facebook Коментари