Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, распишија конкурс за поетска награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

Младиот поет Андреј Анѓеловиќ е добитник на наградата „Млада Струга“ 2025 за дебитантската книга „Чергар“.
-„Чергар“ – поетски глас на современиот номад, трагачот по дом, слобода и смисла, добитничката дебитантска книга на наградата „Млада Струга“ 2025 носи длабока, симболична и храбра поезија што зборува од името на скитникот, осаменикот, но и на секој што не се откажува од човечноста, велат од „Струшки вечери на поезијата“ (СВП).
Во продолжение ја претставуваат песната „Номад“ од добитничката дебитантска книга:
НОМАД
Меѓу племињата
на ридот кои се беа
распослале
во ладовина, врз
гороцвет ја фрлив
мојата черга.
Со српот што замавнува
и пресекува парчиња од космосот
пробав да се бележам.
Пробав да ставам трага на
слобода врз плеќиве, белег ко од
роденче уште даруван.
Меѓу племињата на ридот
каде што се беше
распослала секоја
молитва за спокој
останав номад
кој не знаеше за
својот дом. Останав
сирак
кој се растегнуваше кон
космосот само за да ја
целива таму слободата.
StrugaOnline
Facebook Коментари