Лев банер Десен банер

Младите таленти од аматерското драмско студио „Престиж“ утре гостуваат во Охрид

Утре, 26.11.2025 година, охридската и струшката публика ќе имаат можност да ја проследат новата претстава „Заљубени изгубени“, на аматерското драмско студио „Престиж“, при Дом на култура „Драги Тозија“ Ресен.
Овие талентирани млади актери за прв пат ќе зачекорат на театарската сцена во Охрид и ќе ја раскажат својата приказна која ќе допре до сите, велат од НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид.
Новата претстава „Заљубени изгубени“ ќе се одигра на 26 ноември 2025 (среда), а ќе се одиграат две престави во 11.30 и 13.00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид.

StrugaOnline

error: