Mладите во Струга на средба со членови на Советот на Општина Струга, разменија идеи за напредок на заедницата
Во рамки на проектните активности од ,,Младинска креативна заедница“, младите од Струга остварија средба со претставници од Советот на општина Струга – Арбреша Влаши и советникот Ацо Ѓуроски.

-Оваа средба беше клучна за младите да ги споделат своите потреби, предизвици, и иновативни идеи за напредок на нашата заедница. Дискусиите се фокусираа на подобрување на инфраструктурата за млади, образовни програми, културни иницијативи, спорт и младински програми. Секоја креативна идеја што беше поднесена ќе послужи како темел за идни проекти и активности дизајнирани да ги задоволат потребите на младите во Струга.-информираат од Младинска креативна заедница-Струга.
Додаваат дека на овој состанок заклучиле дека е потребна редовна комуникација меѓу младите и локалните институции.
-Претставниците на Советот покажаа отвореност и подготвеност да соработуваат и да ги поддржат барањата на младите, во рамките на нивните можности. Ова е само почетокот на долготрајна соработка и ангажман за создавање на подобра иднина за младите во нашата општина. Струга напредува со младите на чело.-стои во соопштението од младинската заедница.
Strugaonline
