МНР организира дипломатски економски караван, главниот настан ќе се одржи во Струга

- Локални
572

Во организација на Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој, денеска ќе се реализира економски дипломатски караван во Југозападниот плански регион (ЈЗПР).

 Караванот, кој е прв од ваков тип, има за цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на домашните фирми и да ги запознае претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија со инвестициските можности во ЈЗПР.

Агендата на економскиот-дипломатски караван предвидува активности во трите најголеми економски центри во ЈЗПР: општините Кичево, Охрид и Струга (каде се наоѓа и седиштето на Центарот за развој на ЈЗПР).

Главниот настан ќе се одржува во Струга, во хотел „Изгрев“, каде е предвидено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој.

По потпишувањето следуваат изјави за медиуми од страна на заменик министерка за надворешни работи, Фатмире Исаки, Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и Рамиз Мерко – градоначалник на општина Струга и претседател на советот за развој на ЈЗПР. На главниот настан исто така се предвидени и презентации од домашни компании кои се извозно ориентирани.

извор: Независен

Facebook Коментари