Лев банер Десен банер

Монодрамата „Менопауза“ на 24 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

По големиот успех и распродадените изведби во Скопје и Кавадарци, урнебесната монодрама „Менопауза“ конечно доаѓа и во Охрид, ветувајќи незаборавна вечер исполнета со смеа и препознавање.

Претставата ќе се одигра на 24 април 2026 година со почеток во 20:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Во главната улога настапува популарната Тијана Дапчевиќ, која преку духовит и без филтер пристап ги отвора темите за кои често се зборува тивко – но овојпат гласно, искрено и со многу хумор. Претставата претставува stand-up исповед за предизвиците на модерната жена: од хормоналните промени и ПМС, до љубовните недоразбирања и машките кризи во средните години.

Текстот е на Данило Вукотиќ, додека режијата ја потпишува Раде Вукотиќ.

„Менопауза“ ветува вечер исполнета со смеа, искреност и женска солидарност – претстава која најдобро се доживува во добро друштво.

StrugaOnline

error: