МРП вакцини со погрешни декларации пронајдени во здравствените домови во Струга, Охрид и Вевчани

- Локални
1015

При  внатрешната контрола, извршена во сите здравствени домови во државата, пронајдени се 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации.

Залепените декларации биле од претходниот увоз, кои бил со важност до октомври 2018 година. Тие се пронајдени во здравствените домови во Охрид, Струга, Вевчани, Крушево, Велес, Демир Хисар, Крива Паланка и Скопје.

– Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белгија. МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската унија. Има два сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. На секоја кутија вакцина и на секое шишенце вакцина има т.н воден жиг на кој стои дека се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Ова е единствената потврда дека сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок, информираат  од Министерството за здравство.

Тие додаваат дека во текот на денешниот ден, инспекторите ќе излезат на терен за да ги потврдат наодите каде е детектирано дека има од вакцините со погрешни декларации.

извор: Министерство за здравство

фото: архива

Facebook Коментари